Aлдо и Мек Грегор очи в очи – толпата полуде!

aldo-mac

Хозе Алдо и Конор Мек Грегор се сретнаа очи во очи, за прв пат откако беше закажан датумот за нивниот дуел. Се разбира, по толку многу изнаприкажани приказни и закани, немаше како и оваа средба да остане незапаметена.

Иако остануваат неколку месеци до УФЦ 189, тензиите меѓу двајцата борци се големи. Како и претходно, кога со пикадо стрелки гаѓаше во ликот (на фотографија) на Алдо, така и денес Мек Грегор го целеше, но со поглед, а Бразилецот го поздрави по старата локална традиција.

Покрај тоа, застанаа еден спроти друг за сликање . „Ноториус“ не запираше со заканите кон шампионот, а Алдо трпеливо го гледаше и којзнае што се му минуваше низ главата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО