Алагаш со одглас во турскиот „Озѓур Коџаели“: Задоволен од приемот во Македонија најавува нова посета (ФОТО)

Haldun Alagas vo turski vesnik

Турската карате легенда Халдун Алагаш ги изнесе своите впечатоци од посетата на Скопје и Македонија и одржаниот семинар во главниот град во турскиот весник „Озѓур Коџали“.

Alagas so vezbacite na seminarot

Алагаш не го крие своето воодушевување од она што говидел во Скопје, Гостивар и Вруток. Тој вели дека бил добро примен во Скопје и од КК Куштрими, како и заинтерисираноста на каратистите за семинарот и медиумите.

Alagas pred kameni most

Алагаш ја пофалил организацијата на семинарот.

„Голема балгодарност до организаторите Ејуп Ѓуркан и Самир Салиу, како и Ирфан Алиу, Исмет Шерифи и Алјко Идризи, а во Гостивар од Берат и Башким Јакупи, кои добро ме пречекаа во нивниот роден град“, изјавил Алагаш.

Ма турскиот ас многу му се допаданале ќебапчињата во Скопската стара чаршија и ги нагласува примети кај градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски и во Агенцијата за млади и спорт. Тој ги нагласува специјалните тренинзи со младиот каратист на КК Макпетрол, Абдурахим Идризи, кој му оставил впечаток на голем карате талент.

Alagas seminar site ucesnici

„Ги покажав моите техники на каратистите во Македонија“, истакнува Алагаш.

Посебно истакнува задоволство од зачувувањето на турската култура и архитектура во Скопје. Поради сето ова изразува желба дадојде во Скопје, како турист, за да ужива во неговите убавини, посебно во културно-историското наследство, и тоа за време на рамазанските празници.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО