Ако не се одржи Олимпијадата во Токио во 2021 година нема никогаш да се одржи

Ако не се одржи Олимпијадата во Токио во 2021 година нема никогаш да се одржи, рече претседателот на Организацискиот комитет Јоширо Мори.

Во интервју за јапонскиот весник „Никан спортс“, Мори рече дека доколку Олимписите игри не започнат на закажаниот датум, тие ќе бидат целосно откажани, велејќи дека нема шанси за нов термин.

„Не. Во тој случај, Игрите ќе бидат откажани. Со одложувањето на Игрите за следното лето, ние ја добивме битката и таа ќе добие на важност само ако ги одржуваме. Мораме да веруваме во тоа, во спротивно целата наша напорна работа нема да бидеме наградена“, рече Мори.

Ова беше проследено и со коментар на портпарол на Игрите во Токио, Маса Такај, која се огради од зборовите на претседателот на Организацискиот комитет.

„Поставен е нов датум за Токио 2020 и нашата мисија е да ги испорачаме Игрите до вас следната година. Изјавата на Мори е негово лично мислење“, рече Такаја.

Според сегашниот план, Олимписките игри треба да започнат на 23 јули и да траат две недели.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО