Академија Хулк втора во кадетска конкуренција на „Екс-ЈУ опен“

Вчера Aкадемија Хулк настапи на еден од најконкурентните Mеѓународни таеквондо натпревари „Екс-ЈУ опен“ во Белград, со повеќе од 650 натпреварувачи од 6 земји и 58 клубови и во екипен пласман е втор в кадетска конкуренција.

Клубот настапи со 19 натпреварувачи.

Резултати:

Петар Ангеловски – 3 доминантни победи златен медал во кадетска конкуренција А класа – 53кг.

Христијан Симоновски – златен медал, на којшто овој настап му беше 12-ти без ниеден пораз – 2 победи во кадетска конкуренција А класа – 61кг.

Димитриј Здравковски-јуниор А класа – 55 кг – бронзен медал со апсолутна доминација во првата борба, за жал, изгубена втора борба со разлика од 1 поен.

Ангел Јовановски-кадет А класа – 49 кг – сребрен медал со победа во првата борба, но совладан во финалето.

Јована Јовановска – пионер Б класа – 27 кг бронзен медал со 1 победена борба. Прв настап за Јована.

Мартин Соколовски – сениор А класа +87 кг –сребрен медал.

Денот на настапот беше полн 1 месец активност во клубот. Со голема храброст губи во финалето од далеку поискусен противник.

Душица Стаменова јуниор А класа сребрен медал

Лука Атанасовски кадет Б класа сребрен медал

Андреј Маневски кадет А класа сребрен медал

Михаил Горгиевски кадет Б класа сребрен медал

Михаела Велковска јуниор А класа бронзен медал

Ива Марковска кадет Б класа бронзен медал

Ангелче Трајановски кадет Б класа бронзен медал

Гордан Стојановски кадет А класа бронзен медал

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON