АИБА свикува вонреден конгрес по скандалите на Олимпијадата во Рио

bokseri-aiba

Светската боксерска асоцијација (АИБА) свикува вонреден конгрес, кој ќе се одржи во декември.

Причината за собирот се скандалите на олимписките игри и проблемите со судењето. На форумот се очекува да бидат предложени иновации кои ќе го направат уште потранспарентен процесот при изборот на судиите и нивната работа.

Конгресот треба да реши и за иднината на професионалниот бокс во структурите на АИБА. Во моментов не е јасно што ќе се случува со Светските боксерски серии и со професионалното постапување (АПБ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON