Адријан Аземи утре се бори со Германецот Торстен Доблер

Нашиот единствен боксер на Европското првенство за јуниори во Галати – Романија, Адријан Аземи (+80 кг) , во првото коло ќе се сретне со Германецот Торстен Доблер по денешното жребување.

Борбата на програмта на ЕП е утре. Ако го помине германскиот боксер во второто коло ќе се сретне со победникот од мечот Хуан Бурка од Романија и Енрико Итуама од Англија.

На ЕП учествуваат 265 боксери од 35 држави, а во категоријата на Аземи има 16 боксери. Во женска конкуренција за титулите ќе се борат 135 натпреварувачки, исто така од 35 земји.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON