Адријан Аземи рамноправен, ама се бореше против домашен боксер на ЕП

Адријан Аземи (+80 кг) рамноправно се бореше со домашниот боксер Тимур Авудијан (Русија) на Европското првенство за јуниори во Анапа, Русија, а судиите победата му ја доделија на домашниот боксер.

Според информациите од Русија добро избоксувал, но домашниот ринг било од голема корист на домашниот боксер. Ова е големо искуство за нашиот боксер и со можност и надеж за успех на нареден натпревар.

„Аземи му дозволи на рускиот боксер цело време да ја има иницијативата. На крајот со едногласна одлука на судиите, рускиот боксер победи на поени“, рече селекторот Петре Чурлиновски.

Европско првенство за јуниори:

 -52 кг Елес Асанов пораз на поени Давид Кин (Шкотска) – 19 боксери, 1/8 финале

-63 кг Алпај Демиров пораз со прекин од докторот Русланс Залис (Литванија) – 22 боксери, 1/8 финале

+80 кг Адријан Аземи пораз на поени Тимур Авудијан (Русија) – 15 боксери, ¼ финале 

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО