Поранешниот светски шампион во четири тежински категории, Адриен Бронер, откачи во петокот вечерта и нокаутира човек на улица Лас Вегас.
28-годишниот Американец досега имал многу проблеми со законот и непријатни ситуации. Последната на почеток на годината кога некој пукаше на неговиот автомобил додека тој сè уште беше во него.
ТМЏ спорт објави снимка на која боксерот прво се фотографира со навивачите. По неколку моменти видно се налутил, но не е познато зошто. Жената со која беше во друштво се обиде да го смири, но ја оттурна и потоа го нокаутира човекот на улица. Не е познато дали Бронер го познавал од порано.
Бронтер последен пат во рингот беше во јуни во Њујорк, кога загуби со едногласна одлука од Мики Гарсија.