Адесања: Ќе го исшлакам Џон Џонс во двете тешки категории

Шампионот во средна категорија Израел Адесања е подготвен да се бори со Џон Џонс во тешка и полутешка категорија. Пред неколку недели „Коски“ ја ослободи титулата во полутешка категорија за да се подготви за дебито во тешка категорија. Ова ја помести категоријата во која тој владееше многу години и до ден денес таму е шампион Јан Блахович.

УФЦ донесе одлука Израел Адесања и Блахович да се борат за титулата во полутешка категорија следната година. Израел верува дека ќе може да ја освои титулата во полутешка категорија и ќе чека Џонс да ја освои титулата во тешка.

Адесања верува дека ќе може да го победи Џонс и да ја освои титулата во тешка категорија, а потоа Џон би се обидел во својата категорија да ја врати титулата, но Адесања ќе го победи и во полутешка категорија.

Сето ова изгледа како интересни сценарија што може да не се случат, но на Адесања дефинитивно не му недостасува самодоверба.

„Џон Џонс се уште нема закажана борба, нели? Му треба време да се подготви за тешка категорија. Последните 10 години го слушавме како зборува дека ќе ги победи сите во тешка категорија.

Ако треба да чекам да ја одбранам титулата во полутешка категорија, тогаш ќе се спуштам во средна категорија и ќе ги победам луѓето во неа. Ако Џон Џонс ја освои титулата во тешка категорија, тогаш ќе влезам во таа категорија и ќе му ја одземам. Е биде кул.

Може да каже дека му ја зедов старата играчка и да се вратам во тешка категорија, за да се бори против мене, а јас само ќе му удрам шлаканица в лице“, изјави Адесања во интервју.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО