Пред неколку часа се одржа прес-конференција пред настанот на УФЦ овој викенд во Тексас. Во главната борба на УФЦ 271 ќе гледаме реванш за титулата во средна категорија. Шампионот Израел Адесања по втор пат ќе се обиде да го победи Роберт Витакер.
Во коглавната битка поранешниот кандидат за титулата во тешка категорија Дерик Луис ќе ги одмери силите со Таи Туиваса. Нè очекува интересна гала вечер во Хјустон.