Флојд Мејведер им дал по 100 долари на деца (ВИДЕО)

Големата легенда во боксот Флојд Мејведер сака пари и очигледно затоа прекарот му е Пари. Според различни извори, богатството на Мејведер е над 500 милиони долари, иако тој заработил преку милијарда од своите боксерски натпревари.

Флојд сака да се разгалува и често купува скапи работи. Легендарниот боксер неодамна гледаше натпревар на Лос Анџелес Лејкерс и беше трогнат од децата кои се обидуваа да продадат бонбони во Crypto.com Arena.

Мејведер го одврзал ќесето и им дал по 100 долари. Тој ја снимал својата акција и рекол дека сака да им помогне на младите. Флојд им ветил дека ќе им даде пари во иднина кога ќе ги види.

Флојд очигледно е дарежлив со децата, но Логан Пол едвај да мисли така. Тој ќе го тужи Мејведер затоа што не му платил за шоуто што го направија во средината на 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО