Абубакар Нурмагомедов повеќе не е дел од ростерот на УФЦ

Рускиот борец на УФЦ во полусредна категорија (до 77 килограми) Абубакар Нурмагомедов е отстранет од списокот на организацијата, објави каналот на УФЦ Ростер трак на социјалните мрежи.

Абубакар Нурмагомедов има 34 години. Своето професионално деби Русинот го имаше во 2011 година, а првиот настап во УФЦ го забележа во ноември 2019 година. Вкупно има две победи и два порази во најпрестижната организација во светот. Во неговата последна борба, која се одржа во јуни на УФЦ на ЕСПН 46, Нурмагомедов загуби со одлука од Бразилецот Елисеу Залески дос Сантос.

Вкупно, во текот на кариерата, Нурмагомедов забележа 17 победи, претрпе 4 порази и една борба беше нерешена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО