Абрахам го совлада Нилсен со поделена одлука (ВИДЕО)

Артур Абрахам (47-6, 30 КО) се врати на рингот во Офенбург, првпат од јули минатата година, кога го загуби од Крис Јубен Јуниор.

38-годишниот поранешен светски шампион во две тежински категории, со поделена одлука на судиите по 12 рунди, го порази Патрик Нилсен (29-3, 14 КО) и ја освои интернационалната титула на ВБО во суперсредна категорија.

27-годишниот Данец во последната битка минатиот октомври загуби со нокаутот од Џон Рајдер.

Судиите мечот го бодуваа 115-113 за Нилсен, а двапати по 116-112 за Абрахам.

Нилсен имаше сомнително броење во десетата рунда.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО