Артур Абрахам на убедлив начин го доби четвртиот меч против Роберт Штиглиц и ја одбрани титулата на Светската боксерска организација во супер средна категорија.
Дербито меѓу двајцата натурализирани Германци се одржа во Хале. Првите три минути беа изедначени, но оттогаш натаму Абрахам тотално доминираше. Тој го испрати противникот во нокдаун во четвртата рунда, а во шестата беше многу сериозно разнишан и повторно испратен на подот. Ова го принуди неговиот тренер, Дирк Дземски, да го фрли белиот пешкир во рингот.
Абрахам ја забележа 43-тата победа (29 со нокаут) во кариерата, а има и 4 порази. Штиглиц веќе има пет, три од нив се од Абрахам, 47 победи (27 со нокаут) и еден нерешен резултат.
https://youtu.be/qo9OPC30io8