Абдурахим Идризи -најдобар каратист-кадет за 2016 година

Abdurahim izvedba na EP 2016

Абдурахим Идризи од КК Макпетрол е избран за каратист на годината во кадетска конкуренција од страна на Карате федерацијата на Македонија откако на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол -Кипар, го освои сребренениот медал во кати.

Тоа е историски медал за Република Македонија, прв европски медал во кати во поединечна конкуренција.

Иако Идризи годинава нема да го брани медалот на Европското првенство во Софија,, Бугарија, во февруари, тој е решен да го повтори успехот, но сега во борби. Сепак, прво мора да обезбеди место во репрезентацијта, а за тоа ќе биде решавачки турнирот Кроација опен во Ѓурѓевац-Хрватска, викендов што следи.

Покрај  сребрениот медал на ЕП во Кипар, Абдурахим добри настапи и на меѓународните турнири како: Фунакоши опен – златен медал во кати во кадетска конкуренција, Никон куп во Софија – Бугарија -златен во ката кадети, Вуковар куп во Хрватска – два златни медали, ката кадети и кумите -52 кг.

Valdesi i Abdurahim

А во април не ја пропушти можноста да учествува на семинарот на големиот Лука Валдеси кој за Абдурахим имаше само пофални зборови за изведбата на кати, потоа и на кумите-семинарот на големиот Алтун Алагаш.

Во Умаг, Хрватска, на Светскиот младински куп, Идризи го освои сребрениот медал во кумите кадети -52 кг. Во ноември на Државното првенство стигна до третото место, меѓутоа на меѓународниот турнир „13 Номври“ во Скопје го освои првото место во кумите индивидуално -52 кг, како и екипно. На последното натпреварување во 2016 година, поради грипот мораше да се врати без пласман од Балканското првенство од Сараево, Босна и Херцеговина.

abdurahim-so-makpetrol-aplikacii

Неговиот биланс во 2016 година е 9 медали – 6 златни, 2 сребрени и 1 бронзен, а највреден е сребрениот медал од ЕП во Кипар.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО