Абделазиз: Канело стана просечен боксер

Али Абделазиз, менаџерот на Камару Усман, тврди дека Канело Алварез ја пропуштил можноста да се бори со шампионот на УФЦ.

Алварез минатиот месец го доживеа првиот пораз по девет години, беше поразен од Дмитри Бивол. Со поразот, Абделазиз смета дека „мистиката“ на Алварез ја нема.

Абделазиз и Усман постојано зборуваа за ваков боксерски меч. Камару не е боксер, но сака да собере милиони од таква средба и потоа да ја заврши кариерата.

Очигледно Али ќе продолжи да го задева Алварез за да го привлече. Во едно од неговите последни настапи во медиумите, Абделазиз рече:

„Канело стана просечен боксер. Тој стана само едно од момчињата. Мислам дека Алварез веќе не е крал на боксот. Канело, неговата мистичност ја нема.

Кога луѓето ја губат својата мистичност, таа ги напушта. Го почитувам Канело, но мислам дека пропушти голема шанса, каква што беше борбата со Усман“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saul Alvarez (@canelo)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО