Абделазиз: Ислам Махачев и Дариуш ќе се борат за титулата

Али Абделазиз тврди дека двајца негови борци ќе се борат за титулата во лесна категорија.

Титулата на категоријата во моментов е празна. УФЦ закажа голем настан за октомври во Абу Даби. Неодамна беше објавено дека УФЦ сака Ислам Махачев да се бори со Чарлс Оливеира за титулата токму на овој настан. За жал, Оливеира не сака, затоа што верува дека судиите ќе го ограбат во Абу Даби.

Абделазиз тврди дека УФЦ нема да ги толерира каприците на Оливеира. Во мај организацијата му ја одзеде титулата на „ДоБронкс“ откако не успеа на мерењето. Сепак, Чарлс го победи Џастин Гејџи и го заработи следниот напад на титулата.

Ништо не е сигурно во УФЦ. Плановите секогаш можат да се променат. Токму тоа го навести Абделазиз на социјалните мрежи.

„Ако Чарлс Оливеира не е подготвен за борба во октомври, едноставно, дивизијата нема шампион.

Ислам Махачев за титулата ќе се бори со Бенеил Дариуш. Чарлс може да се бори со победникот, но тој заслужува почит.

УФЦ нема да чека никого. Тие ќе продолжат понатаму. Неколку пати ја подадов раката, но сега знам што да правам“, напиша Абделазиз на Твитер.

Очигледно, Чарлс Оливеира ќе биде принуден да се бори со Махачев во Абу Даби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО