Ален Бабиќ го доби најтешкиот удар во кариерата, па го нокаутира противникот (ВИДЕО)

Ален Бабиќ во шестата рунда со нокаут го победи Французинот Давид Спилмонт и стигна до десеттата победа во кариерата. Тоа беше најтешкиот меч во кариерата на хрватскиот боксер, а за првпат почувствува силен удар од противникот.

Имено, кон крајот на втората рунда доби удар во брадата и се сопна кон јажињата.

Севиџ се најде во неволја, а ѕвоното го спаси. Во видеото погледнете го најтешкиот удар што го доби Бабиќ во кариерата:

Во четвртата рунда хрватскиот боксер конечно ја проби противничката одбрана и целосно ја презеде контролата над борбата. Откако петтата рунда помина релативно мазно, Севиџ ја заврши работата во следната.

Бабиќ веднаш го затресе Спилмонт, а потоа со комбинација го испрати на колена. Французинот се обиде да здивне, но не успеа да се врати. Судијата го означи крајот на борбата:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON