Ненад Лаловиќ е реизбран за претседател на Обединето светско борење на Конгресот во Белград, Србија.
Обединетото светско борење го одржа својот Конгрес денес,при што Ненад Лаловиќ беше реизбран за претседател на ОСБ/ UWW заедно со шест членови на бирото.
Лаловиќ, првпат е избран на функцијата во 2013 година, ќе има нов мандат до 2026 година, откако остана без противник за оваа функција. Поради доцнењето на Конгресот заради пандемијата на Ковид-19, остануваат пет години во неговиот мандат.
Беа избрани и шест членови на бирото, а Фуад Мексут (МАР), Михаил Мамијашвили (РУС), Педро Гама (БРА) и Ахрољан Рузиев (УЗБ) го задржаа своето место по истекот на нивниот шестгодишен мандат.
Дон Рајан (КАН) и Лусио Канева (ИТА) беа двајцата новоизбрани членови на бирото. Избраните членови ќе останат на должност до 2026 година.
Лаловиќ, кој е и член на Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет, им се заблагодари на членовите на Конгресот за довербата во него откако пред осум години ја презеде функцијата претседател.
Реизборот на 63-годишникот требаше да биде во 2020 година пред пандемијата на Ковид-19 што го принуди ОСБ да го одложи Конгресот.
На Конгресот со право на глас имаше 104 делегати од кои 103 избраа членови на бирото со мнозинство од 52 гласа.
Фото: ОСБ