Сребрен медал за Миа Тодорова на Светскиот кик бокс куп во Унгарија (ФОТО)

Миа Тодорова (-65 кг) го освои сребрениот медал на Светскиот кик бокс куп во Будимпешта, Унгарија, во лоу кик, откако во финалето беше поразена од Србинката Валентина Кери.

Тодорова е префрлена да се бори во сениорска конкуренција бидејќи им се откажала противничката, а за да има повќе борби како подготовка за Европското јуниорско првенство во Будва за месец ипол.

Исмаил Туркер се уште не се борел, а Иван Кукуновски е поразен од претставникот на Грција во лајт кик.

Да потсетиме дека вчера Филип Ризов и Иле Леков во полуфиналето беа поразени, па така освоија бронзени медали. Сепак, вели селекторот Дејан Митровски, и двајцата одлично се избориле.

На СК има 1689 учесници од 45 држави од 288 клуба, односно 3084 натпреварувачи, бидејќи некои кикбоксери ќе настапуваат во повеќе дисциплини.

Резултати

лоу кик – сениори

-65 кг Миа Тодорова – Улијана Мишченко (Украина) 3-0 во полуфинале

Финале

Миа Тодорова – Валентина Кери (Србија) поразена

-57 кг Филип Ризов – Данил Сурхалов (Украина) 0-3 во полуфинале

лоу кик – постари јуниори

-71 кг Иле Леков – Владисав Сидорчук (Полска) 0-3 во полуфинале

лајт кик – постари кадети

-42 кг Исмаил Туркер – Брил Максим (Украина) во четвртфинале

-47 кг Иван Кукуновски – Илијас Трикас (Грција) 0-3 во четврфинале

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО