Исмаил Туркер освои бронза на Светскиот кик бокс куп во Будимпешта, 4-ти за Македонија

Исмаил Туркер се закити со бронза на Светскиот куп во кик бокс што се одржува во Будимпешта, Унгарија. Ова е вкупно четврти медал за македонските кикбоксери – 1 сребрен и 3 бронзени.

Кик боксерот на Шампион во полуфиналето на категоријата до 42 килограми загуби од Златослав Иванов од Бугарија со 0-3 во дисциплината лајт кик за постари кадети, кој стана прв на СК. Преходно Туркер славеше против Украинецот Брил Максим 3-0.

Денеска медал освои и Миа Тодорова (Шампион), сребрен, откако во финалето беше поразена од Србинката Валентина Кери.

Иван Кукуновски (Шампион) е поразен од претставникот на Грција во лајт кик.

Да потсетиме вчера Филип Ризов (Николовски) и Иле Леков (Кик бокс Лидер 13) во полуфиналето беа поразени, па така освоија бронзени медали. Сепак, вели селекторот Дејан Митровски, и двајцата одлично се избориле.

На СК има 1689 учесници од 45 држави од 288 клуба, односно 3084 натпреварувачи, бидејќи некои кикбоксери ќе настапуваат во повеќе дисциплини.

Резултати

лоу кик – сениори

-65 кг Миа Тодорова – Улијана Мишченко (Украина) 3-0 во полуфинале

Финале

Миа Тодорова – Валентина Кери (Србија) поразена

-57 кг Филип Ризов – Данил Сурхалов (Украина) 0-3 во полуфинале

лоу кик – постари јуниори

-71 кг Иле Леков – Владисав Сидорчук (Полска) 0-3 во полуфинале

Лајт кик – постари кадети

-42 кг Исмаил Туркер – Брил Максим (Украина) 3-0 во четвртфинале

Исмаил Туркер – Златослав Иванов (Бугарија) 0-3 во полуфинале

-47 кг Иван Кукуновски – Илијас Трикас (Грција) 0-3 во четврфинале

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО