Бајрами и Аети денес ќе настапат на ЕП, Мила Георгиева совладана од Полденикова

Синоќа нашата млада боксерка Мила Георгиева во деби настапот на Европското првенство за ученици во Сараево, Босна и Херцеговина, загуби од чешката репрезентативка Јулие Полденикова со прекин во првата рунда.

Нејизниот тренер Димитар Ташков вели дека оставила добар впечаток, но предноста на противничката било искуството, односно имала повеќе мечеви.

Денеска во Сараево ќе настапат Рион Бајрами против Топрак Салман од Турција и Баки Аети се среќава со Самвел Сирамагјан од Ерменија.

Европско за ученици:

54 кг – 15 боксери 

Рион Бајрами – Топрак Салман (Турција) 13 август – 15 часот

60 кг – 15 боксери

Баки Аети – Самвел Сирамагјан (Ерменија) 13 август – 18 часот

54 кг – 9 боксерки

Мила Геогиева – Јулие Полденикова (Чешка) 0-5 (TKO, R1)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО