Тодоров, последниот боксер што го поразил Мејведер, се врати со победа на профи рингот!

Тодорров во Перник со победа

По 12-годишна пауза трикратниот светски и европски шампион во аматерска конкуренција, Серафим Тодоров, се врати со победа на профи рингот. Ветеранот (46 години) го победи Александар Човалијски (28) со судиска одлука 2-1 во Перник. Така Тодоров, кој е последниот човек на планетата што го поразил Флојд Мејведер, веќе има 6 победи и 1 пораз како професионалец. Човалијски е со биланс од 1 победа и 6 порази. Мечот, кој беше во четири рунди, ќе биде запишан во официјалната статистика. Тодоров направи успешен рестарт на кариерата, а неговиот најголем мотив е средба со Мејведер.

Дуелот беше многу оспоруван, но сепак во последната рунда Тодоров можеше да победи и со нокаут. Тој избега од удар на противникот со една од неговите брендирани ескиважи и за возврат зададе одличен аперкат во лицето на Човалијски. Наместо да продолжи со нападите, сепак, популраниот Сарафа застана и го сожали противникот.

„Натпреварот беше тежок, тој е тврд противник. Мило ми е што победив. Сметам дека сум во добра форма, а се надевам дека ќе биде уште подобра“, изјави Тодоров по мечот.

https://youtu.be/yo3Ar538Sf4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО