Ханеј: Сакам да се борам со Лопеза за апсолутен првак

Американскиот професионален боксер Девин Ханеј го победи Кубанецот Јуриоркис Гамбо на 7 ноември минатата година и ја одбрани титулата на ВБЦ.

Ханеј има договор со Мечрум бокс и размислува да се пресели во полутешка категорија.

Но, пред тоа би сакал да има уште неколку големи борби, тој особено го посочи Теофимо Лопез, кој ги има шампионските појаси на ИБФ, ВБА (Супер), ВБО и Ринг.

„Сакам да се борам против Теофимо Лопез за сите појаси, нека биде меч за апсолутен шампион. Не ми е лесно да се спуштам на 61,5 килограми. Станува потешко, но за една од тие поголеми борби би го направил тоа и би останал во лесна категорија“, рече Девин Ханеј и додаде:

„Но, ако не можам да добијам борба против еден од преостанатите големи тројца, Лопез, Дејвис или Гарсија, ќе се преселам во повисока категорија“.

Рајан Гарсија и Џервонта Дејвис наскоро би можеле да се најдат во рингот, а првите преговори беа поттикнати од Мајк Тајсон во неговиот подкаст на Хот боксин.

Но, никој не би имал ништо против да организира средба помеѓу Лопез и Ханеј, кои ги поседуваат најважните појаси, а нивната борба би била за апсолутен шампион во лесна категорија.

Последен апсолутен шампион беше Пернел Витакер, кој во 1990 година ги држеше појасите на ВБЦ, ИБФ и ВБА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО