Хабиб се сретна со омилениот фудбалер на татко му

Хабиб Нурмагомедов се сретна со фудбалерот Кларенс Сидорф. Холанѓанецот беше омилен играч на покојниот татко на „Орелот“ – Абдулманап.

Масторот од блиското минато покажа почит кон непоразениот ММА борец и двајцата зборуваа со пријателски тон.

„Ова момче беше омилен играч на татко ми. Многу ми е драго што те гледам, пријателе”, напиша Хабиб на својот Инстаграм профил.

Дагестанецот го следат 26,5 милиони луѓе на оваа социјална мрежа.

Таткото на Хабиб Абдулманап многу му значеше. Борецот многу сериозно ја сфати загубата и реши да се предаде по само една борба без неговиот ментор и најблизок пријател во аголот. Ова се случи по победата над Џастин Гејџи.

Така, „Орелот“ ја заврши кариерата со скор 29-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО