Мајк Тајсон повторно го фали Тајсон Фјури: Тој е како Месија

Легендата Мајк Тајсон уште еднаш не ги штедеше пофалбите за актуелниот светски шампион во тешка категорија на ВБЦ – Тајсон Фјури.

54-годишната легенда ќе се врати во рингот викендов на демонстративниот меч против Рој Џонс Јуниор, но „Железниот“ уште еднаш најде време да потсети колку е голем навивач на „Кралот на Ромите“.

Поранешниот шампион во тешка категорија изјави кој му е омилен на можниот меч меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури. Нешто што многу веројатно ќе се случи во 2021 година.

„Џошуа е многу интересен борец“, рече Тајсон.

„Неговите удари се исклучително добри, но неговиот проблем е што ги издава. Тој ги „телефонира“. И ова е рецепт за катастрофа кога се борите со висок боксер како Фјури.

Тајсон е омилен кај фановите, тие го сакаат. Во Англија и двајцата се големи имиња, но луѓето го следат Фјури како Месија“, додаде Мајк Тајсон.

Тој не пропушти да се изрази во суперлативи за целокупната слика во тешка категорија:

„Во моментов има многу добри борци во категоријата. Сите што го кажуваат спротивното, едноствано се љубоморни. Сепак, тие треба да се борат. Не само еднаш, туку два или дури три пати“, рече американската боксерска икона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО