Насер Харуни: Ни го украдоа сонот за златен медал, Ардијан е сериозно оштетен

„Спортските крадци го гаснат нашиот сон за златен медал. Ардијан Аземи сериозно е оштетен од судиите на Европското првенство во Будва во борба за финале со Русиниот Владислав Комаров. Изгубивме со резултат 3-2. Смешен резултат“, напиша тренерот на репрезентацијата Насер Харуни по мечот во полуфиналето на нашиот боксер Ардијан Аземи кој добро избоксира.

„За жал, Ардијан доаѓа од мала земја во Европа, сепак, бронзениот медал е голем успех за нашиот бокс. Ви благодариме на сите за поддршката што ни ја дававте цело време на овој шампионат. Ќе излеземе уште посилни од овој неправеден пораз“, истакна Харуни.

Ова е историски медал, прв во јуниорска конкуренција, бидејќи Македонија на европските првенства на освоила медал 25 години, но во кадетска конкуренција од страна на Прислав Димовски на ЕП во Турција 1995 година. Додека 1997 година во Битола Фатон Салиху освои златен медал, а Дарко Чатлески и Денис Георгиевски бронзени.

Вели Мумин бронзи за сениори на ЕП 2006 во Истанбул и 2008 година во Ливерпул.

На ЕП настапуваат 175 боксери (113 мажи и 62 жени) од 22 држави.

ЕП во бокс:

91 кг Ардијан Аземи – Јакуб Сарзевски (Полска) 5-0

Ардијан Аземи – Дује Гацина (Хрватска) 5-0

Адријан Аземи – Владислав Комаров (Русија) 2-3

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО