Англичаните негодуваат поради високите цени за Џошуа-Пулев

Љубителите на боксот во Англија ќе можат да го гледаат мечот Ентони Џошуа – Кубрат Пулев за 25 фунти. Ова го објави Скај спорт – медиумиот што ги поседува правата за емитување на Островот.

Токму толку чинеше последната битка на Еј Џеј против Енди Руиз Јуниор.

Тогаш навивачите беа убедени дека зголемувањето се должи на големиот интерес и ветија дека цените ќе се вратат во нормала. За жал, повторно ќе мора платат повеќе.

Во Ирска, пакетот (ППГ) за гала вечерта на 12 декември чини 28 евра.

Неколку часа по објавувањето на информацијата, медиумите побрзаа да објаснат дека повисоките тарифи се должат на недостаток на публика. Според „Скај спорт“, оние кои сакаат да гледаат натпревари од светска класа, ќе мора да влезат во позицијата на организаторите.

Бонусите на Џошуа и Пулев нема да бидат намалени заради пандемијата, велат во Британија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО