Емилијаненко: Хабиб не е најголемиот

Рускиот борец во тешка категорија ММА, Александар Емелиjаненко го коментираше крајот на кариерата на Хабиб Нурмагомедов и ја пофали неговата улога во светот на мешаните боречки вештини.

„Тој не може да се нарече најголем борец во УФЦ. Имаше такви кои држеа појаси во неколку категории, и такви кои ги бранеа титулите во тешка категорија. Хабиб Нурмагомедов е само добар борец“, рече Емелијаненко.

Русинот истакна и дека Хабиб треба да размисли за одлуката, да разговара со неговата мајка и повторно да ја брани титулата, извојувајќи ја триесеттата победа. Александар верува дека одлуката на Дагестанецот е донесена емотивно во погрешно време.

На 24 октомври, Нурмагомедов по трет пат успешно го бранеше појасот, победувајќи го Американецот Џастин Гејџи, а потоа објави крај на кариерата со скор од 29 победи на 29 натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО