Хамди Адили: Не можеме сами против големите сили во борењето!

Hamdi Adili so Adil adili

Тренерот на Адил Адили, вооедно и татко, Хамди Адили, за вчерашниот настап на нашиот младински репрезентативец на Европското првенство во Истанбул, Турција, вели дека му се паднале многу силни противници и дека епилогот бил предвидлив.

Вчера Адил во осминафиналето се сретна со Русинот, Начин Кулар, кој се пласира во финалето, поради што нашиот борач се стекна со можноста да се бори за третото место Вугар Алијев од Азербејџан, но и во двете борби беше совладан со технички туш.

„Треба да се работи и да бидеме поддржани од Федерацијата за боречки спортови на Македонија. Ние сами против големите сили во борењето немаме шанси, ниту, пак, да размислуваме за понатаму“, изјави Хамди Адили за ipon.mk.

ipon.mk/В.Д.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО