Пет години без легендата на македонското карате Димче Кичевски

Се навршија пет години откако почина легендарниот каратист и тренер, Димче Кичевски, роден  на 1 декември 1950 година во Бегниште, Кавадарци.

Кичевски на карате спортот му посвети вкупно 48 години, притоа бил 21 пат државен првак на Македонија (и СРМ), двократен првак на СФР Југославија, а 1980 година станува балкански шампион, додека истата гоидна на Европскотои првеснтво во Австрија го освојува бронзениот медал.

За репрезентацијата на Југославија има 52 настапи. Тој е прогалсен за каратист на 20 век (Енциклопедија на Македонија, том 1, стр.697).

Покрај ова, Кичевски ги предводеше карате клубовите Вардар и Водно, при што освои шампионски титули на Македонија, а неговите каратисти освоија европски медали.

Тој е првиот селектор на карате репрезентцаијата на Македонија, а неколку години беше и прв човек на Карате сојузот на Македонија. Последните години од животот ги помина во кик боксот, заедно со покојниот Љупчо Неделковски и неговата сопруга Александра, притоа судеше мечеви од меѓународен карактер.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и „13 Ноември“ на Град Скопје, како и „8 Септември“ која му беше доделена посмртно истата година.

До пред две години пред смртта работеше и како селектор на кик-бокс репрезентацијата на Македонија, а последните години од животот беше кик-бокс судија.

Последно негово појавување на еден карате настан беше на турнирот на КК Аеродром (2015 г.), по повод 40 години од неговото одржување, при што доби пригодно признание.

Во овој период Горан Алексовски – Конти, кого Кичевски му беше селектор, го основа мамоеријалниот турнир „Димче Кичевски“, а Кик бокс мајтај федерацијата му посвети првенства на него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО