Спектаклот Тајсон-Џонсон поради марихуаната може да извиси?

Светската анти-допинг агенција (ВАДА) се вмеша во враќањето во рингот на легендарниот боксер.

Поранешниот светски боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, сензационално најави дека на 54. години се враќа во рингот. Тој за свој противник со кого ќе ги вкрсти ракавиците во боксерскиот спектакл го избра три години помладиот поранешен шампион во четири тежински категории, Рој Џонс јуниорс.

Мечот е закажан за 12. септември, а ќе биде од хуманитарен карактер и нема да има судија во рингот што е уште една потврда дека не се очекува крвава пресметка помеѓу поранешните шампиони.

Но, боксерскиот спектакл е доведен во прашање бидејќи во приказната се вклучи Светската анти-допинг агенција (ВАДА) која сака да ги тестира и двајцата боксери иако не станува збор за официјален и натпреварувачки боксерски дуел.

Наводно, според американските медиуми, Мајк Тајсон веќе ги откачил луѓето од ВАДА бидејќи секојдневно конзумира марихуана и нема да има време да се „исчисти“ до мечот со Рој Џонс јуниор.

„Јас морам да користам марихуана бидејќи сум вистинско животно. Таа ме смирува, ми ги поврзува мислите и ми ја „лади“ лудата глава. Да не е марихуаната или би се убил или би убил некого. Не ми е јасно зашто на некој му смета тоа што користам марихуана? Велат дека е штетна, а дали знаете колку луѓе се убиени, колку луѓе убиле, колку се претепани или прегазени под дејство на марихуана во САД минатата година? Нула, тоа е одговорот, додека алкохолот е друга приказна“, изјави Тајсон за американските медиуми.

Засега ВАДА инсистира да ги тестира и двајцата боксери кои се навлезени во шестата деценија од животот и нивна цел е да одработат егзибициски бокс меч чиј приход е наменет за хуманитарни цели, но медиумите сметаат дека на крајот ВАДА ќе се откаже од идејата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО