Конор Мек Грегор сака да се бори

Ѕездата на УФЦ, Конор Мек Грегор, нема трпение да се врати во кафезот. „Озлогласениот“ со посебен интерес ќе го следи она што ќе се случува за неколку часа на првиот настан на УФЦ за време на пандемијата Ковид-19. Дана Вајт тврди дека Мек Грегор сака да се бори, но не ја сака идејата за борба во празна сала.

Сè уште има ограничувања поради коронавирусот што нема да им овозможи на навивачите наскоро да го гледаат во живо УФЦ. На Дана не му се допаѓа тоа, затоа што знае дека Мек Грегор може да продаде билети во вредност повеќе од 15 милиони долари.

„Тешко е да се откажете од парите што Конор Мек Грегор може да ги генерира од биелти во полна сала. Вчера разговарав со него и рече дека сака да се бори. Конор беше возбуден од настанот и ни посака среќа. Се надевам дека оди добро. На Мек Грегор не му се допаѓа идејата да се бори пред празни трибини, но, сепак, сака да се бори.

Не знам, ќе видиме што ќе се случува. Ако направите вистинска битка со Конор Мек Грегор на вистинското место, можете да направите 18 милиони долари од влезници. Овие се големи бројки за да се откажат“, изјави Вајт за Мек Грегор.

Конор веќе имаше една борба оваа година, нокаутирајќи го Доналд Цероне за 40 секунди во јануари.

https://www.instagram.com/p/B_vawCZJuSm/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО