Мек Грегор го прифати предизвикот на Оскар де ла Хоја

Конор Мек Грегор во пресрет на враќањето во ММА во јануари изјави дека сака да се врати и во боксерскиот ринг.

Поранешниот шампион во две категори на УФЦ во август 2017 година во своето професионално деби во боксот се бореше со еден од најголемите боксери на сите времиња, Флојд Мејведер и загуби со нокаут во 10-тата рунда.

Оскар Де Ла Хоја, кој е сопственик на „Голден бој промоцијата“, жестоко го критикуваше мечот, нарекувајќи го измама, но борбата меѓу светскиот првак во пет тежински категории и дебитантот забележа голем финансиски успех.

„Јас сè уште можам да го сторам тоа. Побрз сум од когабило и посилен од когабило. Знам дека можам да го завршам Конор Мек Грегор во две рунди. Ќе се вратам за таа борба. Две рунди. Само  уште таа една борба. Го предизвикувам. Две рунди, тоа е се што ми е потребно“, рече тогашн олимписки победник од 1992 година.

Конор Мек Грегор синоќа објави порака на својот профил на Твитер: Го прифаќам твојот предизвик Оскар Де Ла Хоја.

Де Ла Хоја (47) се пензионираше откако загуби од Мани Пакијао во декември 2008 година. Се повлече како светски шампион во 6 тежински категории со скор 39-6 (30 КО).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО