Три златни и еден сребрен медал за Ронин на „Никон опен 2015“ во Софија!

Marijana dimoska na Nikon open

Три златни и еден сребрен медал за каратистите на Карате клубот „Ронин“ од Прилеп на силниот Меѓународен турнир „Никон опен 2015“ во Софија.

Во сестринското-близначко сениорско финале во кати поединечно, Маријана беше подобра од Мишела Димоска. На третото место беше претставничката на Грција, а на четвртото на Чиле.

близначките на никон опен

Јуниорката Кирјана Камческа исто така освои златен медал во кати поединечно. И ката тимот не дозволи изненадувања, Маријана, Мишела и Кирјана беа убедиливи во триумфот за златниот медал.

На турнирот настапија околу 500 натпреварувачи од 10 земји.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО