Холифилд го тепаше политичарот Мит Ромни! (ВИДЕО)

холифил ромни

Легендата во боксот Ивендер Холифилд ги стави ракавиците и се врати на рингот. Поранешениот светски шампион, кој има 52 години, се соочи политичарот Мит Ромни, поранешен претседателски кандидат на републиканците. Двајцата застанаа еден против друг во добротворен натпревар во Солт Лејк Сити (САД). Тие одработија само две рунди, во кои ретко задаваа удари.

По завршувањето на втората рунда, 68-годишниот Ромни постапи правилно и ја фрли бела крпа во рингот, а судијата ја крена раката на Холифилд. Средствата од натпреварот отидоа за фондација која им помага на слепите луѓе да го вратат видот.

-По натпреварот Ивендер ми рече: „Знаеш што? Ти леташ како пчела и каснуваш како пеперутка!“ -призна Ромни.

https://youtu.be/nutHQ2a0p3E

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО