Вајлдер: Би сакал Мајк Тајсон јавно да ме пофали

Дионтеј Вајлдер е фрустриран што постарата генерација на боксери, особено афроамериканските, не сака да му оддаде јавно признание.

34-годишниот Американец минатиот викенд со нокаут во седмата рунда против Луис Ортиз по десети пат ја одбрани титулата во тешка категорија, изедначувајќи се со Мухамед Али.

„Бронзениот бомбардер“ веќе зборуваше за недостаток на почит што го чувствува од страна на Флојд Мејведер, кој беше копромотор на неговата втора борба со Кубанецот.

Откако го нокаутира Ортиз Вајлдер уште еднаш повтори дека се смета за најголем удирач во историјата на боксот.

Џорџ Форман му одговори дека тоа сепак може да биде Мајк Тајсон, на што шампионот на ВБЦ рече дека критичарите треба да престанат да живеат во минатото.

„Некои од моите луѓе седеа до Мајк Тајсон. Мајк ме пофалил, а би сакал тоа јавно да го кажеше. Зад затворените врати се е слатко и слични срања, но во јавноста? Само ќе се изрази. Не знам што е со старата генерација. Брат, старото е минато, сотави веќе“, рече Вајлдер за ТМЗ.

„Историјата понекогаш се повторува и Бог ги зема некои други за да испишуваат историја. По борбата луѓето ми зборуваа дека Мајк рекол: Кога ги нокаутирав јас морав да користам комбинации, но Вајлдер може да удари. Јас сум најсилниот удирач во историјата на боксот и точка“.

Вајлдер повторно се бори против Тајсон Фјури во 11-тата одбрана на титулата на 22 февруари, кој изјави дека е криптонит за „Бронзениот бомбардер“.

„Ако е така, Господ нека му се смилува. Нека му се смилува, затоа што втор пат нема да стане. Повторно ќе го фатам. Тие борци за мене мора да бидат совршени 12 рунди, а тоа се 36 минути! Мора да бидат совршени 36 минути“!

На Вајлдер најдраг неговт нокаут му е против Артур Шпилка во 2016 година.

„Човеку, мислам дека борбата со Шпилка сè уште е на врвот. Самиот начин на кој слета и не можев да видам дали дише … воопшто. Не видов дека почна да дише, додека не дојде неговата девојка, а потоа конечно се разбуди. Тоа беше како нешто од филмовите. Бев сведок со свои очи и неверојатно беше да се види. Тој удар, навистина го пчувствував. Со Ортиз не го осетив така ударот“.

https://www.tmz.com/videos/112619-deontay-wilder-4682619-0-ww2xl2t7/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО