Димитар Ѓоргиев и Климент Гроздановски обезбедија бронзи, утре се борат за финале на СП

Димитар Ѓоргиев и Климент Гроздановски кои извојуваа победи на Светското сениорско првенство во Анталија,Турција, во дисциплината кик лајт и се пласираа во полуфиналето, со што обезбедија најмалку бронзи.

Димитар во полуфиналето ќе се бори со Един Вуцељ од Босна и Херцеговина, а Климент со Пјотор Випчал од Полска.

Ѓоргиев е на добар пат да го подобри билансот со светските титули.

Резултати
-84 кг
Димитар Ѓоргиев – Емануел Смолек (Унгарија) 3-0

Димитар Ѓоргиев – Михаел Голоб (Австрија) 3-0

Димитар Ѓоргиев – Един Вуцељ (БиХ)

-89 кг

Климент Гроздановски – Али Багирзада (Азербејџан) 3-0

Климент Гроздановски – Ањело Јаноне(Италија) 2-1

Климент Гроздановски – Пјотор Випчал (Полска)

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО