Даниел Стефановски на 27 септември против Флоријан Ламбаџиу, како дел од тимот на Реми Боњаски

Даниел Стфановски на 27 септември во Романија влегува во рингот на еден посебен настан каде што ќе се борат тимови на двајцата истакнати светски К-1 борц Каталин Морашану од Ромунија и Реми Боњаски. Стефановски е во тимот на Боњаски.

„Мене Реми ме избра во неговиот тим и ќе се борам до -80 кг против Романецот Флоријан Ламбаџиу“, вели Стфановски, објаснувајќи дека борбара ќе биде во три рунди од по три минути по К-1 правилата..

Како што истакнува Даниел, тоа се квалификации за светската титула на Дајнамајт фајтинг шоу.

„Јас сум во подготвителен период и се оди по планот. Противникот е стабилен и има големо искуство. Има доста борби и се има борено против Артур Кишенко. Подготвен сум и ќе пробам, како и секогаш, да ја завршам борбата во првата рунда. Фала на сите Македонци за поддршката и се гледаме на 27“, изјави за Ipon.mk, Стефановски..

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО