Ризин му дава 10 милиони долари на Мек Грегор за да се натпреварува со Мејведер

Јапонскиот Ризин му понуди на Конор Мек Грегор 10 милиони долари да присуствува на нивниот настан на крајот на годината. Пред неколку дена, Нобујуки Сакакибара, кој е претседател на организацијата, рече дека планираат нов вид на настани на крајот на годината, што нема да биде кик бокс или ММА средба.

Сега е јасно дека сакаат да ги вратат Мек Грегор и Флојд Мејведер за да се борат во различни дисциплини. Овие дисциплини немаат никаква врска со боречките вештини. Двајцата ќе си ги измерат силите во десетобој, при што ќе заработат поени за секоја дисциплина, на крајот ќе победи оној што ќе освои најмногу поени.

Според разни извори, Мек Грегор е на работ да го потпише и да се вклучи во овој нестандарден настан за ММА организација. Пред две години, Мек Грегор и Мејведер се бореа во рингот, а Флојд успеа да го нокаутира во 10-тата рунда. Минатата година, непоразената легенда учествуваше на новогодишниот настан на Ризин и успеа да се справи со Теншин Насукава, а тоа му донесе заработка од 9 милиони долари.

https://talksport.com/sport/boxing/592523/floyd-mayweather-vs-conor-mcgregor-gameshow/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО