Марија Мацеска загуби во деби настапот на ЕП, утре настапуваат Петар Арсовски и Марио Ефремов

Марија Мацеска е поразена во дебитантскиот настап на Европското првенство за ученици во Тбилиси, Грузија. Марија е поразена од Украинката Валерија Телпис со 0-5 (24-30, 27-30, 28-30, 25-30 и 27-30).

Македонија на ЕП настапува со тројца натпреварувачи, покрај Мацеска во Тбилиси ќе се борат и Петар Арсовски и Марио Ефремов.

Утре Петар Арсовски (38,5 кг) се бори со Украинецот Данило Воронцов, а Марио Ефремов (59 кг) со Мишка Леикман од Финска.

Репрезентацијата ја предводи тренерот Скендер Јахиу, со Вели Мумин и Александар Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО