Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија се оградува од нелегалните кик бокс настани во Гостивар и Кичево

Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија преку официјално соопштение се огради од неколку нелегално одржани кик-бокс турнири во Македонија кои всушност претставуваат маркетинг-шоу на поединци без никаков спортски и едукативен карактер.

Соопштението на КМФМ ви го пренесуваме во целост:

„Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија (КМФМ) и јас Дејан Митровски – Урко како нејзин претседател се оградуваме од неодамна оджаните кикбокс турнири во Кичево на 13 јули, во Гостивар на 23 јули и повторно во Кичево на 27 јули, организирани без дозвола од федерацијата за организирање на такви настани, а истите се организирани од лица кои немаат регистрирани кикбокс клубови во КМФМ
и немаат никаква функција во нашата федерација.

Исто така, ја известуваме јавноста дека на овие турнири не учествувал ниту еден репрезентативец или регистриран натпреварувач од редовите на нашата федерација. Сметаме дека тоа биле турнири
од бизнис и забавен карактер, дека истите немаат спортски и едукативен карактер и дека се организирани од неовластени лица со цел финансиска заработка и маркетинг шоу.

Со овие дејствија и со нестручноста и непрофесионалноста на лицата агнажирани околу организацијата на овие настани нанесена е штета на кикбоксот како спорт. На овој начин на публиката, но и на целата јавност и се дава погрешна слика за кикбоксот како спорт и се руши угледот и професионалноста на КИКБОКС МАИТАИ ФЕДЕРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА.

Потенцираме дека:
–КМФМ не беше официјално известена за одржување на овие астани,
–не беше побарана дозвола за организација и
–не беа побарани лиценцирани судии да судат на настанот.

Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија и јас Дејан Митровски – Урко како нејзин претседател се оградуваме од овие нелегални настани и нивната организација, вклучувајќи ги организаторите, борците кои се бореа, тренерите, клубовите, судиите и лекарите доколку воопшто ги имало и од сите ангажирани лица
на тие нелегални натпревари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО