Амир Хан славеше во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Амир Хан (34-5, 21 KO) во Џеда боксираше против поранешниот светски шампион во перолесна категориај Били Диба (45-6-2НЦ, 26 КО).

33-годишниот Австралиец се подигна за две тежински категории за да се бори со Хан. Тој го замени првично најавениот Индиец Неандертал Гојат (11-3-2, 2 КО) кој претрпе сериозни повреди во сообраќајна несреќа.

32-годишниот Британец прв пат го соборуваше Диба со лево кроше во втората рунда.

Австралиецот пак се најде на подот во четвртата рунда по серијата крошеа на Хан до јажињата, а потоа од неговиот агол долета крпата.

Ова беше борба за еѓународна титула на ВБЦ во велтер. Федерацијата ја одобри оваа борба за појаост, иако Диб никогаш не се борел во лесна категорија, а Хан изгуби со технички нокаут пред три месеци од Теренс Крафорд.

https://youtu.be/_gnRPPEM_Ok
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО