Недим Шакири ќе се бори за златниот медал на Карате 1 младинската лига во Умаг

Актуелниот балкански шампион Недим Шакири (-40 кг) во конкуренција на У-14 се пласира во финалето на Карате 1 младинската лига во Умаг, Хрватска. За златниот медал ќе се бори со Даниел Симоненко од Украина.

Шакири во првото коло беше слободен, а потоа нанижа четири победи.

Од останатите каратисти само Стефан Стојановски и Ангел Митев извојуваа по две победи. Натперварите се уште се во тек.

У14 -40 кг
Недим Шакири – Емин Гусеинов (Украина) 5-0
Недим Шакири  – Никола Топличанец (Хрватска) 1-1
Недим Шакири – Исмаил Золота (Босна и Херцеговина) 2-0
Недим Шакири – Балинт Фишер (Унгарија) 5-0
Финале
Недим Шакири  – Даниел Симоненко (Украина)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО