Универзалци најавуваат атак на шампионската титула во Првата бокс лига која почнува утре

Со задоцнување утре започнува Првата и Младинската лига во бокс, а првото коло ќе се одржи во Куманово. Од оваа година лигата се проширува, односно ќе настапуваат и деца/ученици.

Минатата сезона екипата на БК Универзалци од Скопје имаше добар финиш и стигна до вицешампионската титула на Првата лига, веднаш зад битолски Пелистер. Универзалци предводени од искусниот тренер Васко Цубалевски најавуваат атак на шампионската титула во Првата лига. Цубалевски на располагање ќе ги има капитенот на екипата, инаку државен првак и непоразен боксер во минатогодишната сезона Борјан Јаноски, повеќекратниот државен првак Марко Стојаноски, првакот Филип Зивосовски, потоа Никифор Стојаноски, Сухамед Мемедов, Димитар Огненоски, Филип Трајковски, Кристијан Трифуновски, Харитон Николовски, како и интернационалците кои секогаш одговараат на повикот на клубот, браќата Илхан и Ајхан Озмен кои живеат во Греманија се и репрезентативци на нашата земја, како и „Американецот“ Давуд Реџиќ кој е на подготовки во САД.

„Стручниот штаб предводен од мене и помошник тренерот Гаврил Огњановски со систематска и стручна работа и со голема посветеност на методиката и тактиката ќе се трудиме да го продолжиме трендот на успеси“, вели Цубалевски кој се стекна со АИБА лиценца за тренер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО