Флојд ќе се бори со гума од 25.000 долари! (ВИДЕО)

Flojd

Флојд Мејведер ќе се бори со гума од 25.000 долари на мечот со Мани Пакијао. Средбата е на 2 мај во Лас Вегас. Според информациите на таблоидот ТиЕмЗи, непоразениот Американец го најмил докторот Ли Гауз, рачно да изработи штитник (гума) за забите. Во него ќе има златни нишки, дијаманти и банкнота од 100 долари.

Д-р Гауз е доктор кој работи во Менхетен, Њујорк. Негови клиенти се многу познати спортисти, како боксерот Андре Берт, кошаркарот Амар Студемаер и американскиот фудбалер Кристофер Борланд.

Во исто време излезе промотивниот клип за Флојд и Мани. Видео записот бил направен на 11 март во Лос Анџелес. Видеото е од 30 секунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО