Поранешниот репрезентативец на Германија во фудбал Тим Визе: Тежам 129 килограми, а сакам да сум 140!

Tim Vize

Поранешниот репрезентативец на Германија и голман на Вердер (Бремен) Тим Визе се претвора во вистинско чудовиште. Одигра 269 натпревари во Бундеслигата како голман, а телесна тежина во последните две години е зголемена за 40 килограмо, за да стигне до импресивни 129 килограми.

Визе (33) кој има шест настапи за репрезентацијата на Германија во периодот 2008-2012 година, потпиша договор со професионалната лига во борење (кечери) WWE во септември минатата година и напорно се подготвува за своето прво излегување на рингот. Во почетокот на договорот со WWE, тој беше судија на меч, но во почетокот на оваа година од Федерацијата најавија дека очекуваат негово вклучување на рингот. За таа цел Германецот трупа моќ во салата и не планира да запре тука.

„Во моментов тежам приближно 129 килограми. До есен се надевам дека ќе сум меѓу 130 и 140 килограми мускулна маса. Тоа е мојата цел. Дневниот внос е помеѓу 6 и 7000 калории. Јадам по килограм ориз и 900 грама пилешко месо. Уметноста е да се натрупа добра маса, а не масти“, коментира Визе.

„Веќе знам дека враќање во фудбалот за мене нема. За да одржувам нормални тренинзи за голман, треба да сум најмногу 100 килограми, а тоа се речиси 30 килограми помалку отколку што тежам во моментов. Кога сум во најдобра форма, знам дека сум еден од најдобрите во Бундеслигата, но овие времиња поминаа. Сега пред мене претстојат нови предизвици “,- додава џинот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО