АктуелноБорењеДомашна сцена

Македонски млади борачи на „Русенски легенди“

Седуммина млади борачи на Балканец утре ќе настапат на Меѓународниот турнир „Русенски легенди“ во Русе, Бугарија.

Боите на Македонија од Балканец ќе ги бранат: -45 кг Стефан Штерјов, -51 кг Ненад Панов, -60 кг Филип Тасев, -65 кг Давид Мишев, -71 кг Фадил Назифов, -92 кг Петар Костов и -110 кг Теодор Ѓоргиев.

Овие борачи се дел од кадетската репрезентација на Македонија која е составена од борачи на Балканец, Лирија – Бесир Алили, Реџеп Поцеста и Реџеп Хајдари и  Тефејуз – Аид Салихси, кои ќе настапат во екипен натпревар против кадетските репрезентациите на Романија, Бугарија „А“ и „Б“ тим, како и против екипата на домаќинот Русе. Борачите на Балканец се предводени од Зоран Шоров кој првиот медал од меѓународните натпревари го има освоено токму во Русе.

Ipon.mk

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON