Ацо Јосифоски освои бронзен медал Светското таеквондо првенство, а дома му ја исклучија струјата за сметка што не ја добил (ФОТО)

Ацо Јосифски (IV дан) го освои бронзениот медал во форми на Светското таеквондо првенство на ИТФ за јуниори и ветерани во Минск, Белорусија, воконкуренција на ветерани до 64 кг, додека во борби поради повреда не можеше да атакува на златниот медал.

На Светското првенство има 70 земји учеснички, а ќе потсетиме дека Јосифоски поранешен светски шампион и освојувач на два бронзени медали на последното Европско првенство во Талин –Естонија, за ветерани.

Сепак, Ацо Јосифоски на ФБ ја кажува и гочината на патот до СП и односот на институции: „Поздрав до институцијата кои ми ја исклучи струјата во салата за 1200 денари, за сметка која никогаш не сум ја добил“.

Денеска беше спречен со недозволен удар во спортска борба да ги докаже своите вредности и во борби.

„Драги мои, заврши и вториот дел од моето учество на Светското теквондо првенство во Минск, Белорусија. Искрено, типував на златниот медал, знаејќи колку бев подготвен и познавајќи ги моите противници. За жал, заврши без можност да се докажам, бидејќи во првата борба со претставникот на Јапонија во втората рунда при мое водство, несреќно и случајно бев погоден во грбот, каде што е забрането удирање, при што дојде до комплетна блокада на мојата лева нога.
По интервенција на лекарскиот тим со инекции, а посебна благодарност до докторот на бугарската репрезентација кој ми помогна да ја повртам контролата врз ногата, но, сепак, морав да го откажам моето понатамошно учество… Ви благодарам на сите кои ме поддржавте и кои се радувавте со мене и длабоко ви се извинувам што не успеав да ја оправдам вашата доверба. Моите пријатели од Шкотска викаат „Shit happens“. Мене ми се случи токму тоа.


Голема почит и благодарност до г-от Марјанчо Лазаревски, претседателот на Македонската ИТФ таеквондо федерација кој веруваше во мене и беше со мене до крај, како и во овие 26 години. Се враќаме задоволни за освоениот медал на Светското првенство, прв за Македонија, и, ако ги вметнеме уште двата од Европското првенство во Естонија, ќе видиме дека до сега ова е најплодната години за Македонското ИТФ таеквондо. Од срце Ви благодарам за се“, напиша Јосифоски на Фејсбук по повредата на СП и неможноста да се вклучи во борбите за највредниот трофеј.
Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО