Павлов и Несторовски ќе се борат за бронзени медали во Истанбул!

Мартин Несторовски и Емил Пвалов

Европскиот првак од минатогодишното Европско првенство во Финска, на јубилејното 50-то ЕП во Истанбул ќе се бори за бронзен медал во категоријата до 60 килограми. Исто така и Мартин Несторовски (над 84 кг) ќе се бори за бронзениот медал.

Тоа значи, дека и двајцата обезбедија место на Европските олмписки игри во Баку, Азербејџан, во јуни.

Павлов имаше одличен почеток, го совлада Гркот Михаил Релаис со 2-0, потоа со истиот резултат славеше над Александер Хајман (Германија) и Давид Кебучава (Грузија) 2-1, а во клучната борба со Французинот Софина Агужил загуби на судиско изјаснување, бидејќи во регуларниот дел борбата забрши 0-0.

За бронзениот медал во сабота ќе се бори со Матиас Гарсија Гомез од Шпанија.

Несторовски беше подобар од Лари Менгел (Естонија) 1-0, Микаил Давидов (Русија) 4-3, Шахир Атамов (Азербејџан) 0-0 –со судиско изјаснување, а за пласман фо финалето беше поразен од Слободан Битевиќ од Србија со 1-0.

За бронзен медал ќе се бори со победникот од мечот Филипе Реис (Португалија) и Морено Шепард (Холандија).

Од другите наши натпреварувачи забележителен настап Симон Антиќ (- 84 кг), кој имаше две победи над Лука Марко од Швајцарија и Арон Камарцана Хернандез (Шпанија) 2-0 и 3-3, а загуби од Гркот Георгос Цанос со 1-0.

Наташа Стефановска има пласман на седмо место во категорија -61 кг, како и Пуликсенија Јованоска во дисциплината кати.
Јубилејното 50-то ЕП се одржува во најголемата спортска сала во Истанбул „Синан Ердем“, која за ова натпреварување има капацитет од 16.500 места, а настапуваат 433 каратисти од 47 земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО